Маратон за сечиј вкус: 10 нови серии од 10 различни жанрови

Филмовите се одличен начин квалитетно да се пополни слободното време. Но, мора да признаеме дека има некоја особено убава магија во гледањето серии.

Maraton-za-secij-vkus-10-novi-serii-01.jpg

Особено кога имате доволно време, интересна серија и многу достапни епизоди, тогаш навистина не знаеме да кажеме стоп и да направиме пауза.

Сите кои сте го дочекале утрото будни со серија којашто сте започнале да ја гледате пред десетина часа, а веќе сте „смачкале“ една сезона ќе ја сфатите манијата на гледање ТВ серии.

Ви предлагаме 10 релативно нови фаворити од различни жанрови, а вам ви останува да се изјасните дали веќе ги гледате или планирате да поминете неколку бессони ноќи:

Мистерија - Deception

Камерон Блек е познат магионичар кој со години го изведува трикот кој ги збунува и воодушевува сите. Но, неговата тајна е разоткриена. Откако ќе ја изгуби славата и популарноста тој им се придружува на ФБИ нудејќи ја неговата помош во решавање случаи, додека има сосема друга агенда која мора да ја оствари по секоја цена.

Романтична комедија - Life sentence

Стела е млада и умира од рак. Сите нејзини одлуки како и оние на нејзиното семејство се вртат околу нејзината болест. Но, одеднаш дознава дека е излечена. Како да му се врати на животот откако ќе сфати дека не постои повеќе опасност од смрт?

https://www.youtube.com/watch?v=ymXXUhfFMtY

Супер-херојски според стрип - Marvel’s Jessica Jones

Џесика Џонс не е типичен супер херој, таа е мрачна, цинична и има проблеми со алкохолот. Нејзиниот и онака разнишан свет полека се руши кога опасна личност од нејзиното минато се враќа по неа и предизвикува општ хаос.

Хорор - Dark

Она што е Stranger Things за американскиот пазар, тоа е Dark за европскиот. Две деца кои живеат во мало германско гратче одеднаш исчезнуваат. Прашањето е – каде се? Што се случило со нив? Трагедијата ги погодува нивните најблиски, но и градот над кој очигледно демне опасност.

https://www.youtube.com/watch?v=zy0b9e40tK8

Научна фантастика - The Crossing

Бегалци од војна почнуваат да се појавуваат барајќи азил во американски град. Проблемот е во тоа што тие доаѓаат од иднината. Цели 180 години пред нашето време.

Уште 5 предлог серии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg