Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Холивудски филмови кои не сте знаеле дека се снимени на Балканот

The Expendables (2010)

Многу сцени од првиот, вториот и третиот дел на акционата трилогија „The Expendables“ се снимени во Бугарија. За оние кои сакаат одлична акција со многу познати актери и ѕвезди во главните улоги, погледнете ги „Потрошливите“.

Game of Thrones (2011-)

За оваа ТВ серија не е потребно никакво посебно претставување. Премиерата на последната осма сезона е закажана за 2019 година и веројатно не постои поисчекувано нешто во филмскиот свет.

Кој ќе победи во играта за престолот?

Coriolanus (2011)

Тој е бестрашен арогантен генерал кој својата кариера ја изградил поради штитењето на Рим од непријателите. Неговата амбициозна мајка го турка кон повисока позиција, но некои луѓе не сакаат да го видат како напредува.

Кога избувнуваат немири со цел да го истераат од Рим, тој се здружува со неговиот најголем непријател и заедно се заколнуваат дека ќе го уништат вечниот град.

Lockout (2012)

Емили, ќерката на американскиот претседател е дел од хуманитарна мисија во затвор надвор од планетата Земја каде што се чуваат 500 од најопасните злосторници и криминалци.

Тие се чуваат во принуден сон, но откако хуманитарците ќе пристигнат, затворениците се будат и ги земаат како заложници. Единствената надеж за спасот на Емили лежи во Сноу, погрешно обвинет затвореник, кому му е ветена слобода доколку ја спаси.

https://www.youtube.com/watch?v=zLTOzu8N1Pg

District 13: Ultimatum (2009)

Во продолжението од 2004 година, чуварите на правдата се враќаат повторно во Областа 13 со цел да го зачуваат мирот. Областа е контролирана од страна на 5 бескрупулозни и опасни гангстери гладни за неограничена моќ кои сметаат дека никој не може да им застане на патот.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg