Што никогаш да НЕ гледате – најниско рангираните филмови на IMDb

Pledge This! (2006) оцена 1.7

На Универзитетот Саут Бич, прекрасната претседателка на женско здружение зема неколку неконвенционални девојки под својата закрила, со цел да ги направи дел од нејзината куќа.

Foodfight! (2012) оцена 1.7

Како што и нагласува самиот наслов на анимираниот филм, веќе може да претпоставите за што се работи. Злобниот Бренд Икс станува дел од супермаркетот кој по затворањето навечер се претвора во мал град.

Turks in Space (2006) оцена 1.8

Една турска фамилија се обидува да се адаптира на новиот начин на живот во нов соларен систем.

Dream.net (2009) оцена 1.8

Реџина која некогаш била многу популарна во своето старо училиште се обидува да пронајде пријатели во новото, но за жал, станува непријател со најпопуларната девојка.

Titanic: The Legend Goes On… (2000) оцена 1.8

Пепелашка го запознава својот Принц од соништата на Титаник кој полека тоне. На бродот може да се најдат многу други животни кои зборуваат, чудни луѓе и куче кое умее да рапува.

„Бисер“ кој не смеете да го пропуштите.

https://www.youtube.com/watch?v=b1NEapRglYQ

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg