Викенд резервиран за хорор филмови – најдоброто од 2018 година

Октомври несомнено нè асоцира на култниот хорор филм Halloween. „Ноќта на вештерките“ повторно се враќа со премиера на 19-ти месецов, со Џејми Ли Кертис во главната улога.

Vikend-rezerviran-za-horor-filmovi-01.jpg

Додека со нетрпение го очекуваме најновиот дел од сагата со серискиот убиец Мајкл Маерс, погледнете ги најдобрите хорор филмови од 2018 година:

Insidious: The Last Key

Елис е брилијантен психолог која проучува паранормални активности. Таа добива морничав повик од човек којшто тврди дека неговата куќа е опседната. По адресата, открива дека тоа е истата куќа каде што таа го поминала своето детство.

Winchester

Сара Винчестер е богатата наследничка на Винчестер фамилијата – основачите на познатата компанија за огнено оружје. Таа гради монструозно архитектонско здание на само 50 милји од Сан Франциско и тврди дека нејзиниот дом е прогонуван од духови убиени од оружјата произведени во нивната семејна фабрика.

The Nun

Млад свештеник со мрачно минато е пратен директно од Ватикан да ја истражи смртта на калуѓерка во Романија. Заедно со неговата помошничка полека почнуваат да ја разоткриваат демонската тајната зад злосторството.

Hereditary

Најстариот член на семејството Греам, бабата починува. Нејзината ќерка и внуците почнуваат да откриваат мрачни тајни поврзани со историјата на семејството и злокобната судбина која им е предодредена.

Unsane

Соер Валентини се сели од Бостон во Пенсилванија со цел да избега од човекот кој ја прогонува последните 2 години. Во консултација со нејзиниот терапевт, таа неволно се согласува да помине 24 часа под надзор во психијатриска институција каде што почнува да се прашува – што е реалност, а што фантазија?

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg