Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ако е возможно, каде се туристите од иднината?“ - 10 филмови и серии со патување низ времето

Стивен Хокинг се запрашал-каде се туристите од иднината, доколку е возможно патувањето низ времето? Фотографиите се еден вид на механизам со кој се патува низ времето, секако во симболична смисла.

10-filmovi-i-serii-so-patuvanje-niz-vremeto-01.jpg

Филмската индустрија наоѓа неисцрпна инспирација во овој интересен феномен. Искористете го времето да погледнете неколку одлични филмови и серии кои ја истражуваат темата за која сè уште немаме одговор:

Interstellar

Тим на научници и истражувачи тргнуваат на опасна мисија низ вселената, во обид да пронајдат нова потенцијална планета за живот, бидејќи Земјата е во изумирање.

Dark

Многумина ја споредуваат германската ТВ серија со американската Stranger Things, но ова не може да биде подалеку од вистината. Dark сосема си го оправдува името – мрачна и загадочна, каде што мистериозните необични настани во една мало германско село го менуваат текот на времето.

https://www.youtube.com/watch?v=zy0b9e40tK8

Predestination

Агент тргнува на својата последна мисија која вклучува патување низ времето, во обид да запре криминалец кој сака да одземе илјадници животи.

Outlander

Клер ужива на својот меден месец со сопругот непосредно по завршувањето на Втората светска војна. Пронаоѓајќи портал со кој може да се патува низ времето, таа се враќа во 1743 година и во обид да го спаси сопствениот живот, неочекувано пронаоѓа нова љубов.

Looper

Во иднината, патувањето низ времето е сосема возможно, но достапно само на оние кои имаат доволно средства да го платат на црниот пазар. Кога мафијата сака да се ослободи од некого го праќа назад во минатото, каде што најмен убиец познат како „скокач“ чека во заседа да го убие.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg