Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нови филмови достапни на одлична снимка кои ќе ви го стоплат срцето

Time Freak (2018)

Стилман е надарен физичар, предодреден за успех и неверојатна светла иднина. Но, кога неговата девојка Деби ќе му раскине, Стилман решава да направи временска машина, да се врати назад во времето и да добие втора шанса.

Puzzle (2018)

Жена која има исклучителен талент за решавање сложувалки решава да се искраде од приградската населба во која живее и заминува во Њујорк каде што пронаоѓа партнер за турнирот во местење сложувалки во Атлантик Сити.

Juliet, Naked (2018)

Ени е заглавена во долгогодишна монотона врска со Данкан. Тој, пак, е опседнат со рок музичар кој одамна е исчезнат од сцената – Такер Кроу, за кој речиси никој не знае ништо. Кога Ени ќе остави коментар за неговиот последен албум на еден форум, музичарот ѝ враќа на електронската порака.

The Miseducation of Cameron Post (2018)

Дејствието се случува во ’90-тите години, а Камерон Пост е збунета тинејџерка која по бакнувањето со нејзината најдобра другарка е пратена во камп за одвикнување од хомосексуалноста.

https://www.youtube.com/watch?v=VEdngvMGjg0

Eighth Grade (2018)

13-годишната Кејла се соочува со еден од најголемите проблеми во тинејџерскиот период–како најбезболно да го заврши основното училиште, односно осмото одделение.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg