Филмови кои ќе ве држат напнати и во неизвесност до самиот крај

The Girl with the Dragon Tattoo (2009)

Доколку се двоумите помеѓу шведската и американската верзија на филмот, апсолутно одберете ја првата. По 40 години од исчезнувањето на неговата омилена внука, Хенрик Вагнер, богат шведски олигарх сè уште е во потрага по одговори. Тој најмува неочекувано дуо, познат новинар и млада девојка хакер, со цел да го расветлат случајот.

The Clovehitch Killer (2018)

Она што се чини како совршено семејство однадвор наеднаш започнува да се руши одвнатре. Тајлер случајно пронаоѓа вознемирувачки докази и започнува да се сомнева дека неговиот татко, човекот кому му верува најмногу, можеби е виновникот кој стои зад серија нерешени убиства.

Devil (2010)

Петорица странци го започнуваат својот нов работен ден возејќи се во лифт кој ненадејно се заглавува. Она што се чини дека ќе трае сосема кратко, продолжува во агонија кога започнуваат да се сомневаат дека некој од нив во лифтот е самиот Ѓавол.

Spartan (2004)

Лора е ќерката на претседателот и е киднапирана. Тајниот агент Роберт Скот е одговорен за нејзиното пронаоѓање. Истрагата наскоро е затворена кога Лора е прогласена за мртва, но Скот и неговиот помошник имаат докази кои укажуваат токму на спротивното.

Tell No One (2006)

Марго е убиена од сериски убиец пред 8 години, додека нејзиниот сопруг Александар сè уште жали по нејзината смрт. Еден ден полицијата пронаоѓа 2 мртви тела во близина на нивната куќа и купишта докази кои го инволвираат Александар во злосторството.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg