„Мене декември ми е за чајче, ќебе и филмовите со кои растевме“

Ми изгледа дека декември сите го доживуваме на посебен начин. Некој носталгично се навраќа на спомените од изминатите месеци, друг со нетрпение чека да замине на предновогодишно патување, а има и такви кои опуштено уживаат по дома, пиејќи чај со мед и ѓумбир и си гледаат филмови и серии. Не знам за вас, но мене декември ми изгледа совршен период за да се направи еден времеплов и преку филмските ликови и нивните приказни да се навратиме со спомените од детството.

filmovi-so-koi-rastevme-se-cuvstvuvate-li-nostalgicni-za-detstvoto-01.jpg

Џорџ Лукас и Стивен Спилберг го имаат создадено еден од највлијателните ликови на сите времиња. Доволно е да се спомене камшик, кожена јакна и каубојски шешир за да знаеме дека станува збор за авантуристот и археологот Индијана Џонс.

Првиот филм Indiana Jones and the Raiders of the Lost Ark (1981) доживеа голем успех и е прогласен за еден од најуспешните филмови со осум номинации за Оскари, од кои освои четири. По тоа франшизата се надополни со уште неколку делови: Indiana Jones and the Temple of Doom и (1984), Indiana Jones and the Last Crusade (1989).

Морам повторно да го напишам името на Стивен Спилберг, зошто токму со неговите филмови имаат растено генерации и генерации.

Базиран на романот на Мајкл Криктон, научно-фантастичниот филм Jurassic Park (1993) зазема голем дел од детството на нашата генерација. Токму преку овој филмски серијал научивме и се запознавме со диносаурусите, со светот што некогаш постоел...

Исто така согледавме дека постојат начини како да се справиш со посилен и крволочен противник, на пример да го затвориш во ладилник и дека понекогаш не можеш да уживаш додека јадеш желе.

Листата се надополнува и со The Lost World: Jurassic Park (1997) и Jurassic Park III (2001). Не земајќи ги во предвид поновите продолженија, зошто очигледно е дека не сме повеќе деца.

Постоеја и такви релаксирачки филмови кои уживавме да ги гледаме, еден од таквите е и 101 Dalmatians (1996) во режија на Стивен Херек. До тогаш сите бевме навикнати на цртаниот на Дизни, но кога се појави филмуваната верзија на овој класик сите родители и деца беа сместени во кино салите, или изнајмуваа касета од видеотека.

Иако знаевме како ќе заврши приказната, сепак во себе ги бодревме Понго и Перди да успеат да ги вратат далматинците и да ја победат Круела Девил.

Уште еден блокбастер беше дел од нашето детство. Станува збор за научно-фантастичната комедија со Томи Ли Џонс и Вил Смит.

Веројанто ќе се сетите на филмот Men in Black (1997) и приказната за двајца тајни агенти кои пробуваат да ја спасат планетата од инвазија на вонземјани. По неколку години излезе и Men in Black II (2002), како и уште едно продолжение во 2012 година.

Иако има уште многу филмови со кои растевме, сепак мора да ставиме точка, инаку листата би немала крај.

Имам прашање, се сеќавате ли на филмот Cutthroat Island (1995)? Можеби името на филмот го имате заборавено, но сигурно се сеќавата на пиратката која со својата придружба се соочува со непријателите и се во трка за тоа кој прв ќе го најде островот со богатството.

Ако се чувствувате носталгични за детството, тогаш седнете на софа и вратете се во филмовите од нашето детство. Тоа е еден совет за попријатно да си го поминете денот.

 Е. Х. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg