Филмски маратон „Најдоброто од 2018“ – што да гледате викендов?

Rotten Tomatoes, еден од сајтовите специјализирани за филмови ја објави листата на најдобрите за 2018 година.

Filmski-maraton-najdobroto-od-2018-01.jpg

Главниот збор секако го има публиката, а најдоброто од сè е што на листата може да пронајдете филмови за сечиј вкус – од акција и трилер, анимиран филм, до драма и романтична приказна зачинета со одлична музика.

Најдоброто за 2018 година од седмата уметност, ова се 10 филмски предлози кои ви ги нудиме за претстојниот викенд:

97% - Black Panther

По смртта на неговиот татко, кралот на Ваканда, Т’Чала е престолонаследникот. Но, дали ќе успее да застане на тронот на Ваканда? Додека се обидува да ги исполни чевлите на својот татко, непријател од неговото минато се враќа и го предизвикува за почесното место.

97% - Mission Impossible – Fallout

Исполнет со акција и адреналин од првата до последната минутка, во шестиот дел од серијалот „Невозможна мисија“, агентот Итан Хант се здружува со познати сојузници од минатото, со цел да го спаси светот од напад кој вклучува 3 плутониумски јадра.

95% - BlacKkKlansman

Вистинска приказна за Рон Сталворт, афроамерикански полицаец од Колорадо Спрингс, кој успешно се инфилтрира во локалниот Кју Клукс Клан. Ремек-дело на режисерот Спајк Ли кое мора да го погледнете.

90% - A star is Born

Џек кој е музичка ѕвезда на залезот од својата кариера упропастена од многуте наркотици и алкохолот решава да ѝ помогне на Али, млада и надежна пејачка со огромен талент.

https://www.youtube.com/watch?v=nSbzyEJ8×9E

95% - A Quiet Place

Во пост-апокалиптичен свет, семејство е принудено да живее во целосна тишина, криејќи се од чудовиштата коишто имаат изострено чувство за слух.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg