Завршете ја годината со смеење – 10 одлични комедии од 2018 година

Green Book (2018)

Лице за обезбедување со италијанско-американско потекло му станува личен возач на афро-американски пијанист за време на неговата турнеја во текот на ’60-тите години во јужниот дел на САД.

Mid ’90s (2018)

Стиви, 13-годишник кој расте во ’90-тите години во Лос Анџелес се обидува да пронајде смисла во бурниот тинејџерски живот додека жонглира помеѓу проблемите со кои се соочува дома и новостекнатите пријатели.

https://www.youtube.com/watch?v=Igfhy3Q5CeI

Chris Rock: Tamborine (2018)

Крис Рок повторно се враќа со најновиот стенд-ап кој се одвива на сцена во Бруклин, а главните теми се неверството, татковството и секако – американската политичка сцена.

Life of the Party (2018)

Дајана неочекувано се соочува со развод. Во обид да ги исполни своите средовечни денови со малку забава и нова енергија, таа решава повторно да се запише на факултет и овојпат да го заврши.

https://www.youtube.com/watch?v=_5WRhv7b_Y0

I Feel Pretty (2018)

Рене е во постојана битка со себеси во однос на својата тежина и сопствениот изглед. Но, откако ќе доживее мала несреќа, таа се гледа себеси како сосема нова личност во огледалото, а нејзиниот живот драстично се менува.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg