Филмски празничен викенд на тема: Божиќни филмови

The Man Who Invented Christmas (2017)

Во 1843 година, Чарлс Дикенс се соочува со финансиски проблеми во Лондон, откако неговите последни 3 новели доживеале фијаско. Со помош на неговата имагинација тој го создава своето ремек-дело со малечкиот Рим и Ебенизер Скруџ како главни ликови.

Home Alone (1990)

Уште еден омилен филмски класик кој не се заборава. Кевин МекАлистер останува сам дома, откако неговото семејство ќе замине на празнично патување и случајно ќе го заборават.

Среќен што конечно е сам и мислејќи дека неговата божиќна желба за малку мир подалеку од сите конечно му се остварила, Кевин се соочува со двајца несмасни крадци кои сакаат да го ограбат неговиот дом.

The Polar Express (2004)

Момче кое ја открива вистината дека Дедо Мраз е само една обична лага, добива неочекувана понуда - да го посети Северниот Пол со поларниот експресен воз и самиот да се убеди во она во коешто (не) верува.

The Holiday Calendar (2018)

Аби е талентирана фотографка на која среќата не ѝ се насмевнува, сè додека не добие рустичен адвент-календар, наследство од нејзината баба. Но, календарот се покажува како магичен, предвидувајќи ѝ ја иднината на Аби, навестувајќи што ќе ѝ донесе секој нов ден до Божиќ.

The Holiday (2006)

Аманда и Ајрис се две млади жени кои живеат на различни страни од светот, двете подеднакво несреќни и разочарани во љубовта. Но, кога ќе се договорат да си ги сменат домовите за време на божиќните празници, работите почнуваат да се менуваат.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg