Филмови и серии кои со нетрпение ги очекуваме овој јануари
Годината започна, а со неа и долгоочекуваните филмски премиери и продолженијата од нашите омилени ТВ серии.
Можеби најмногу го очекувавме продолжението на „Split“ на режисерот М. Најт Шамалан со наслов „Glass“. Пожелно е секако да го погледнете и филмот од кој започна сè – „Unbreakable“ од 2000 година и неговото последно заокружување од 2019 година.
Третата сезона на хит серијата True detective, со надеж дека ќе биде многу подобра од втората.
Што друго ќе гледаме овој јануари?
Close - 18 јануари
Телохранител и специјалист кој работи во разузнавачка служба добиваат задача да ја заштитуваат Зои, богата и млада наследничка. Но, насилното киднапирање ги тера двајцата соработници да преземат драстични мерки за заштита и спасување.
How to Train Your Dragon: The Hidden World – 3 јануари
Хикап со своето најдобро другарче, беззабиот змеј „Toothless“ мора да го пронајде тајниот свет, утопија на змејови, пред најмениот предатор Гримел да ги претрка во задачата.
Glass – 18 јануари
Дејвид Дан, чувар со натприродни моќи се обидува да го пронајде Кевин Вендел Крамб, растроен човек кој има дури 24 различни личности во својот карактер.
Escape Room – 4 јануари
Шест странци се принудени да соработуваат заедно со цел да го избегнат хоророт од „Escape Room“, употребувајќи ја својата снаодливост и талентот за преживување.
How to Get Away With Murder сезона 5 – 17 јануари
Зимската премиера на петтата сезона продолжува во настаните онаму каде што застана – со убиството на јавниот обвинител и групата студенти кои очигледно не знаат како да избегнат неволја.
https://www.youtube.com/watch?v=lvZjOnIQqyE
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





