Најдобрите филмови што не беа номинирани за Оскар 2019, а вреди да ги изгледате

Академијата генерално заобиколува многу филмски остварувања кои биле квалитетни, не доделувајќи им ниту една номинација за престижната филмска награда Оскар.

Najdobrite-filmovi-sto-ne-bea-nominirani-za-Oskar-01.jpg

Сепак, според многумина, оскарите и не се некое мерило за квалитет. Доколку сакате да изгледате неколку одлични филмови кои не се најдоа на листата со номинации на Оскарите 2019, одвојте време за:

Amazing Grace

Можеше да биде номиниран за: Најдобар документарен филм, Едитирање на звук

Прекрасен документарен филм кој го прикажува животот на Арета Френклин која соработува со хорот на една црква во Лос Анџелес во текот на јануари, 1972 година.

https://www.youtube.com/watch?v=BA6lBW3R__M

Crazy Rich Asians

Можеше да биде номиниран за: Најдобра актерка во според улога (Michelle Yeoh), Најдобро адаптирано сценарио, Продукција на дизајн, Костимографија

Рејчел е во долгогодишна врска со Ник. Двајцата треба да отидат во неговиот роден Сингапур за свадбата на неговиот најдобар другар. Рејчел дознава дека Ник е наследникот на едно од најбогатите семејства во Азија.

The Death of Stalin

Можеше да биде номиниран за: Најдобар актер во споредна улога (Steve Buscemi), Најдобро адаптирано сценарио.

Москва, 1953 година. Советскиот диктатор Сталин е на челото на државата безмалку 30 години. По кусата несреќа, тој брзо умира. Членовите на Советот на министрите почнуваат да се грабаат за неговата моќ

Leave No Trace

Можеше да биде номиниран за: Најдобар режисер, Оригинално сценарио, Најдобра актерка во главна улога (Thomasin McKenzie), Најдобар актер во главна улога (Ben Foster).

Вил и неговата 13-годишна ќерка живеат изолирано во рекреациски парк во Портланд, Орегон. Еден неочекуван настан ќе ги испреврти нивните животи засекогаш.

Hereditary

Можеше да биде номиниран за: Најдобра актерка во главна улога (Toni Collette), Најдобар актер во споредна улога (Alex Wolff).

Откако најстариот член, бабата на кланот Греам починува, нејзината ќерка и внуците почнуваат да откриваат мрачни тајни поврзани со историјата на семејството и злокобната судбина која им е предодредена.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg