Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 модерни цртани филмови со моќни пораки за возрасни

Во модерните цртани филмови често пати можеме да видиме различни националности и култури, а се забележува и еднаквост на женските и машките ликови. Новите цртани филмови успеваат да ги заменат вредностите кои се пропагирале во минатото, заменувајќи ги со вредностите кои денес се важни за промовирање.

5 moderni crtani filmovi so poraki za vozrasni 01

Па, така во фокусот се принцезите на кои не им треба принц за да го пронајдат својот пат и принцови кои не треба да бидат храбри воини.

Цртаните филмови повеќе не се само забава за најмладите. Поради разновидноста на темите со кои се занимаваат нивната публика е проширена на сите возрасти.

Што можеме да научиме од модерните цртани филмови?

Wreck-It Ralph (2012)

Цртаниот филм, кој многу критичари го нарекоа најоригиналниот филм, ја раскажува приказната за Ралф, кој се обидува да го смени имиџот за себеси како негативец, обидувајќи се да стане херој.

На овој пат се соочува со многу пречки и учи дека минатото не ја дефинира нашата иднината.

Inside out (2015)

Дејствието на овој цртан филм се одвива во главата на едно единаесетгодишно девојче, а во фокус е односот помеѓу петте емоции (радост, тага, страв, гадење и бес), кои ѝ помагаат да се справи со проблемите.

Тагата е главен карактер, што е новина во анимираните филмови кои зборуваат главно за среќата и идеалните сценарија. Децата, како и возрасните, треба да научат дека и добрите и лошите емоции се составен дел од животот.

Moana (2016)

Уште од Херкулес и Мулан, ниту еден цртан филм не привлече толку многу внимание како Моана. Приказната за полинезиската принцеза е базирана на нивната митологија, а Моана е првиот женски лик од такво потекло кој се пронајде во главната улога во филмот на Дизни.

Цртаниот филм е естетски пријатен за децата поради реалната анимација. За возрасните, особено за домородците, овој цртан филм е општествено важен. Не го заборавајте своето потекло, почитувајте ги постарите лица и стремете се кон слободата како примарно човеково право.

Zootopia (2016)

На прв поглед, овој цртан филм ја раскажува приказната за навидум либерален зајак од едно мало место со сон да стане полицаец во голем град. Од друга страна, овој цртан филм се занимава со расизам, сексизам на работното место и родовата еднаквост.

Coco (2017)

Ова е приказна за дванаесетгодишното момче од Мексико кое сака да создава музика, иако неговото семејство е против тоа. Приказната за семејните односи во овој цртан филм нè учи за големото значење на простувањето.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg