Филмови кои ги поместија границите на „нормалното"

Филмската уметност има привилегија да ги прикажува најтемните креации на човечкиот ум. Токму поради оваа причина постојат филмови кои имаат култни етикети. 

Ovie filmovi gi pomestija granicite na normalnoto 01

Некои филмови се толку контроверзни што, речиси, ги поместија границите на „нормалното“, а ден денес имаат статус на најконтроверзни култни филмови некогаш снимени.

Овие филмови предизвикувале скандали, поради своите уметничките вредности и проблемите со кои се занимавале, но и поради начинот на кои се обработувале темите.

Ова се неколку филмови кои ги поместија границите на „нормалното“:

The Birth of a Nation, 1915

„The Birth of a Nation“ е филм во кој се оправдуваат постапките на Кју Клукс Клан. Црно-белиот нем филм го опишува раѓањето на монструозната расистичка група од југот на САД. Овој култен филм бил еден од најпопуларните и комерцијално најуспешните проекти во тој период.

Филмот е снимен според романот на Томас Диксон „The Clansman“. Ова воедно бил и првиот филм во историјата на светската кинематографија кој траел повеќе од 100 минути.

Она што е особено интересно е што ниту еден актер во филмот не бил Афроамериканец. Сите актери биле нашминкани луѓе со бела кожа.

Last Tango in Paris, 1972

На овој филм секако треба да му се даде атрибут: контроверзен. Познатиот италијански режисер, Бернардо Бертолучи, во својот филм прикажал нешто што во голема мера ја шокирало јавноста.

Протагонистите на филмот се четириесетгодишниот депресивен маж, Пол, и изгубената дваесетгодишна, Џини. Нивната садомазохистичка врска е прикажана преку експлицитни секс-сцени, од кои е најпозната сцената со путер.

Режисерот поради овој филм завршил и на суд, обвинет дека снима нелегална порнографија.

https://www.youtube.com/watch?v=Jw3SFWTNxNk

Sаlò 120 days of sodom, 1975

Пјер Паоло Пасолини во филмот „Сало“ визуелно ги претставил фантазиите на познатиот француски писател Маркиз де Сад. Дејствието е пренесено за време на Втората светска војна и владеењето на Мусолини во Италија.

Протагонистите се четворица претставници на власта кои, со помош на фашистичките единици, апсат група млади луѓе да ги мачат. Иако овој филм е метафора на едно општество доминирано од насилство, угнетување и сексуална експлоатација, јавноста го осуди за експлицитните сексуални сцени и содомија.

Овој филм е сè уште забранет во неколку земји.

Cannibal Holocaust, 1980

Еден од најконтроверзните хорор филмови во историјата е „Cannibal Holocaust“, во режија на Руџеро Деодато. Филмот по премиерата бил забранет во Италија, Велика Британија, Австралија и неколку други земји.

Режисерот дури бил и уапсен, бидејќи јавноста верувала дека еден од актерите бил навистина убиен за време на снимањето. Деодато подоцна бил ослободен, но филмот сè уште бил забранет поради шокантните сцени на насилство, сексуална тортура и убиство на животни.

Antichrist, 2009

„Антихрист“ е најшокантниот филм на Ларс вон Трир. Главните протагонисти се брачниот пар кој се повлекува во природата, во обид да се опорави од губењето на тригодишниот син.

Тој е арогантен психотерапевт чии методи на однесување се граничат со садизмот. Таа е пациент раскинат меѓу доверба и презир кон нејзиниот потенцијален спасител.

Премиерата на овој филм предизвика скандал во Кан поради порнографските сцени и експлицитното насилство.

https://www.youtube.com/watch?v=w4U5rdi9w-U

A Clockwork Orange, 1971

Филмот на Стенли Кјубрик, „A Clockwork Orange“, е адаптација на романот на Ентони Барџис. Примарната тема на овој филм е границата на доброто и злото, односот помеѓу поединецот и општеството како и манипулацијата на општествените системи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg