10 филмови со изопачени сериски убијци

True Detective (Сезона 3)

Третата сезона од популарната серија се одвива во три различни временски периоди, следејќи ја приказната која започнува во 1980 година со убиството на мало момче и исчезнувањето на неговата постара сестричка.

Детективот Вејн Хејс со години се обидува да го сложи мозаикот на загадочното злосторство.

Saw (2004)

Ништо не е доволно добро како првиот дел, а филмот од 2004 година од франшизата „SAW“ го потврдува тоа.

Фотограф и доктор кои навидум немаат ништо заедничко се будат во валкан подрумски тоалет врзани со синџири за цевките. Наскоро сфаќаат дека се дел од изопачена игра на садистички сериски убиец кој себеси се нарекува Jigsaw.

Citizen X (1995)

Во ’80-тите години сериски убиец Андреј Чикатило убива 52 луѓе во период од 8 години. Поручникот Виктор Бураков сака да им стави крај на убиствата, но советската бирократија го опструира во истрагата, инсистирајќи дека член на Комунистичката партија не може да биде убиец.

Monster (2003)

Она што ќе започне како романса помеѓу Ајлин и Селби во Флорида, завршува прилично трагично, исполнето со мрачна изопаченост. Работен според вистинската приказна за Ајлин Вурнос, проститутка од Дејтона Бич која ќе прерасне во опасен сериски убиец.

Mr. Brooks (2007)

Почитуваниот и угледен бизнисмен Ерл Брукс има тајна: под неговата совршена фасада се крие убиственото алтер его Маршал кое не му дозволува да прекине со убиствата. Талентиран детектив го следи во чекор, додека господинот Брукс и Маршал кројат сложен план за извлекување од мрежата.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg