Мит или факт – кои настани од Чернобил се измислени, а кои вистинити?

Мини серијата која со само 5 епизоди успеа да го освои светот постигнувајќи неверојатен успех за рекордно брзо време е ставена под лупа од страна на експертите, критичарите, но и публиката.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti-01.jpg

Сите сакаат да знаат - колку од она што се случува во Чернобил е вистина? Што е фикција?

Додека ја создавал серијата, сценаристот и продуцентот Крег Мејзин решил дека ќе им пристапи на конфликтните ситуации и настани со доза на огромно внимание.

„Секогаш сметав дека нема потреба од дополнителна драма, бидејќи работите кои навистина се случиле се доволно драматични сами по себе“, изјавил креаторот на хит серијата.

Па, време е да дознаете – што е мит, а што факт во „Чернобил“?

МИТ – Огнот во Чернобил оддавал двојно повеќе радијација од Хирошима со секој изминат час

И Чернобил и бомбардирањето на Хирошима во Јапонија за време на Втората светска војна се нуклеарни катастрофи од невидени размери. Но, тешко е да се спореди изложеноста на радијација од двата трагични настани.

Во Хирошима големото влијание врз здравјето било предизвикано од директна изложеност на зрачење. Кога нуклеарната бомба експлодирала, дозата на зрачење кон човекот е одредена преку растојанието на лицето од точката на изложеност.

Во Чернобил, голем дел од радиоактивниот материјал бил пренесен во атмосферата. Материјалот потоа бил „пренесен на многу голема површина“ и вдишуван односно апсорбиран од страна на луѓе на подолг временски период.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti (2).jpg

ФАКТ: Советскиот Сојуз навистина се обидел да употреби роботи за чистење на местото на контаминација, но на крајот работата сепак ја завршиле луѓе

Во ужасната сцена која се одвива во 4 епизода, мажите фрлаат блокови од радиоактивен графит од покривот на електраната - што серијата го нарекува „најопасното место на земјата“. Во реалниот живот од мажите било побарано да исчистат 100 тони радиоактивни остатоци од областа.

На конференцијата во 1990 година, службеникот кој ги надгледувал напорите за расчистување, Јуриј Полуоленко, изјавил дека Советите првично се обиделе да го исчистат местото со далечински контролирани роботи. Кога машините почнале да се распаѓаат во токсичната атмосфера, биле принудени да испраќаат луѓе со цел да ја завршат задачата.

Иако напредните американски роботи можеле да помогнат во деконтаминацијата на областа, тензиите помеѓу двете земји ја одвратиле Украина од барањето помош.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti (6).jpg

МИТ: Советскиот нуклеарен физичар Улана Хомjук помогнала да се организира расчистувањето по хаваријата

Еден од главните ликови на серијата, советскиот нуклеарен физичар Улана Хомјук, е всушност измислен лик кој симболизира соединување на многу нуклеарни научници вклучени во чистењето на Чернобил.

За Мејзин креирањето на ваков женски лик во срцето на истрагата направил историска смисла.

„Една област каде што Советите беа всушност многу попрогресивни отколку што бевме ние беше во областа на науката и медицината“, изјавил креаторот на серијата.

„Советскиот Сојуз имал доста голем процент на женски лекари и научници“.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti (5).jpg

ФАКТ: Специјални екипи добиле наредба да убиваат животни, бидејќи имале покачени нивоа на радиоактивно зрачење

Еден од најбруталните делови во Чернобил е моментот кога специјална екипа од тројца членови пристигнува на местото на хаваријата со задача да ги убие сите животни во областа, бидејќи сите носат одредени ниво на радиоактивно зрачење во себе.

Околу 36 часа по експлозијата, жителите на Припјат имале само 50 минути за да ги соберат своите лични предмети и да се качат на автобусите што пристигнале да ги евакуираат надвор од градот. Никому не му било дозволено да го понесе својот миленик со себе.

Жителите првично верувале дека ќе се вратат по три дена, но овaa одлука се покажала како трајна. Милениците кои ги оставиле зад себе било наредено да се убијат со цел да се избегне ширењето на контаминацијата.

Околу 300 кучиња-скитници останале во забранетата зона во Чернобил, но мал дел од нив живееле повеќе од 6 години поради труењето со радијација.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti (8).jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
5 причини зошто да ја изгледате шпанската серија „Valeria“ на Нетфликс Можеби работата не ве исполнува, не знаете дали навистина сте со партнерот од љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg