„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Чендлер

Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и лудата епизода кога Чендлер и Моника одат до крајности само за да не признаат дека се пар – Кои се вашите омилени моменти со Чендлер во популарната серија Friends?

del-od-najdobrite-i-najsmeshnite-momenti-so-chendler-od-serijata-friends-video-01.jpg

Чендлер Бинг кој го глумеше Метју Пери несомнено беше најомилениот лик од серијата Friends.

Со неговиот шарм, досетливите шеги и сарказмот, Чендлер е миленик на публиката и три децении од премиерата на серијата.

Самиот Метју Пери напишал огромен дел од дијалозите и шегите на Чендлер, па не е ни чудно што фановите ги гледаат актерот и неговиот лик како една личност.

Дел од најсмешните сцени со Чендлер Бинг кои покажуваат дека љубовта од фановите е повеќе од заслужена:

1. Во првата сезона, Чендлер, кој едвај се откажал од цигарите, пали цигара за да му покаже на Џои како правилно да ја држи. И, повторно ѝ се враќа на старата навика.

2. Во четвртата сезона, Чендлер почнува да се гледа со шефицата на Рејчел. Додека ја посетува во нејзината канцеларија, таа инсистира да го врзe со лисици како дел од секси игра, но потоа излегува на состанок. Па, на Чендлер не му останува ништо друго освен да побара помош од Рејчел.

3. Во поголемиот дел од серијата, Чендлер раскинува и се смирува со Џенис – по малку нападна девојка со чудна смеа. Во четвртата сезона, не знаејќи како да ѝ раскине (по којзнае кој пат) Чендлер ја лаже дека треба да оди во Јемен. Но, Џенис инсистира да го испрати на аеродромот, па тој е принуден навистина да оди во Јемен.

4. Во седмата сезона, Чендлер и Моника се пар, а тој пробува да се зближи со татко ѝ. Тие се во сауна, но многу работи не одат по план.

5. Во втората сезона од серијата гостува Џулија Робертс која глуми поранешна соученичка на Чендлер. Во основно, Чендлер ја посрамотил бидејќи ѝ го кренал здолништето пред сите, па сега таа му се одмаздува – го заведува во ресторан и го носи во тоалет за да имаат секс, но на крај само му ја краде облеката и го остава гол.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 популарни серии што (ќе) имаат нови сезони во 2026-та Последната сезона од Outlander, долгоочекуваната четврта сезона на From, но и но...

Најчитани неделава