„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Чендлер

6. Во четвртата сезона, Чендлер се вљубува во девојката на Џои. За да покаже дека навистина жали, го поминува Денот на благодарноста во голема дрвена кутија.

7. Во петтата сезона, Моника и Чендлер ја кријат нивната врска. Постепено сите (освен Рос) дознаваат, но Моника и Чендлер не признаваат. Со цел да го натера да ја открие врската, Фиби се преправа дека ѝ се допаѓа Чендлер, но тој и Моника се свесни за ова, па одлучуваат да се пошегуваат.

8. Кога Чендлер и Моника одлучуваат да живеат заедно, Чендлер е загрижен за финансиската состојба на Џои. Но, бидејќи тој не сака да прифаќа пари од него, Чендлер смислува игра (која нема никаква смисла) со која успева да му даде 1.500 долари на Џои.

9. Во четвртата сезона, Чендлер и Џои играат игра против Моника и Рејчел со една цел – да го добијат нивниот стан. Во играта треба да одговараат прашања едни за други, па дознаваме навистина забавни факти за сите ликови особено за Чендлер. На пример, дознаваме дека телевизиската програма што ја добива по пошта е на име „госпоѓа Ченендлер Бонг“.

https://www.youtube.com/watch?v=M78QGVsfV94

10. Во петтата сезона, Рос се преселува,  а Чендлер и Рејчел му помагаат да качи двосед во новиот стан. Нормално, подвигот е далеку од лесен.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 популарни серии што (ќе) имаат нови сезони во 2026-та Последната сезона од Outlander, долгоочекуваната четврта сезона на From, но и но...

Најчитани неделава