Филмови со броеви во насловите кои задолжително треба да ги изгледате
Short Term 12 (2013)
Грејс е смирена и способна млада жена која работи како советник во центар за ризични тинејџери. Но, нејзината силна и кревка фасада полека се крши под притисок на атмосферата која владее во центарот и тинејџерите кои ја потсетуваат на злоупотребата од минатото и сегашноста.
21 Grams (2003)
Колку тежи душата? Според некои, само 21 грам. Група на луѓе кои се соочуваат со проблеми се поврзуваат на најнеочекуваните начини. Една сообраќајна несреќа ги поврзува сите, но она што се чини дека ќе ги уништи, истовремено е и спасот.
https://www.youtube.com/watch?v=L2rK8w2ZpGw
25th Hour (2002)
Во Њујорк, само неколку дена по ужасниот терористички напад на 11 септември во 2001 година, Монти Броган е осуден на 7-годишна затворска казна поради препродавање дрога.
Во последните неколку часови слобода тој е со неговите најдобри пријатели, истовремено подготвувајќи ја девојката за неговото долго претстојно отсуство.
The Next Three Days (2010)
Животот на Џон и Лара станува неподнослив откако таа ќе биде обвинета за убиство за кое тврди дека е невина. Три години по апсењето, Џон сè уште се обидува да докаже дека Лара е невина.
Лара започнува да размислува за самоубиство и го принудува Џон да го направи единственото нешто кое ѝ преостанува: Да ѝ помогне да избега од затворот.
1984 (1984)
Снимен прилично веродостојно според култниот класик на Џорџ Орвел, Винстон Смит е главниот лик кој живее во репресивен режим. Тој е вработен од страна на Владата, а неговата задача е одново да ја испишува историјата, глорифицирајќи ги водачите на општеството во коешто живее.
Бонус: Seven Psychopaths (2012)
Марти е писател кој е во потрага по ново, интересно сценарио. Неговите пријатели се прилично чудни, тие ги киднапираат кучињата на богатите луѓе, а подоцна им ги враќаат и ја собираат наградата. Но, кога ќе го киднапираат кучето на еден гангстер, настаните се толку многу интересни што Марти го користи како инспирација за новото сценарио.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





