11 инспиративни филмови што ќе ве натераат да преземете нешто во врска со вашите цели

Веќе помина половина од 2019-та година, па веројатно почнувате да паничите за сите цели што сте ги поставиле на нејзиниот почеток. Доколку веќе сте ги прочитале сите инспиративни книги и сите совети што можете да ги најдете, време да побарате друг извор на мотивација – филмовите. 

 11-inspirativni-filmovi-shto-kje-ve-nateraat-da-prezemete-neshto-vo-vrska-so-vashite-celi-01.jpg.jpg

Во продолжение погледнете некои од најинспиративните филмови што сигурно ќе ве натераат да преземете нешто во врска со вашите цели:

1. Hidden Figures (2016)

Овој филм ја раскажува вистинската приказна за три црни жени кои работеле како математичарки во НАСА. Тие имале важна улога во лансирањето на астронаутот Џон Глен.

2. A League of Their Own (1992)

Ова е спортски филм што не обрнува големо внимание на спортот. Џина Дејвис, Мадона и Роузи Одонел играат во професионалниот женски бејзбол тим што бил креиран откако американските играчи биле регрутирани за време на Втората светска војна. Можеби во бејзболот нема плачење, но сигурно ќе плачете додека ја гледате оваа класика.

3. Good Will Hunting (1997)

Веројатно веќе знаете за што раскажува филмот. Мет Дејмон го гледаме во улогата на хигиеничар гениј кој работи во Институтот за технологија во Масачусетс и кој без проблем решава комплексни математички проблеми откако ќе му заврши работното време.

https://www.youtube.com/watch?v=FGVovG7Kt6E

4. Million Dollar Baby (2004)

Овој филм доби Оскар за најдобар филм со причина. Хилари Свонк глуми боксерка чиј строг тренер станува нејзиниот најдобар ментор.

 

5. Wild (2014)

Снимен според автобиографијата на Шерил Стрејд, ова е филм за жената која ја изодува патеката Пацифик Крест Трејл откако во иста година се развела и ја изгубила мајка ѝ.

Погледнете ги останатите филмови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg