8 морничави криминални документарци што вреди да ги изгледате

Многу луѓе уживаат во криминалните документарци, и тоа поради разни причини. Некои сакаат да научат нешто повеќе, а некои сакаат подобро да го разберат светот во којшто живееме.

8-mornichavi-kriminalni-dokumentarci-shto-vredi-da-gi-izgledate-01.jpg

Без разлика која е вашата причина, доколку уживате во криминалните документарци, вреди да им дадете шанса на следниве осум:

„Amanda Knox“

Интервјуто на Аманда во овој документарец е навистина вознемирувачко, а постојат делови од нејзината приказна што не се поклопуваат со изјавата на нејзиното момче. Некое време ќе се сомневате дека таа е виновна, но како што се развива приказната ,нема да знаете на кого да верувате.

Иако на крајот ќе откриете кој ја убил Мередит Кречер и ја оставил да умре во локва од нејзината крв, има нешто кај Аманда.

Таа го раскажува целото злодело, вклучувајќи и она што водело до него. Но она што ќе ве зачуди е нејзината смиреност за нешто толку насилно.

„The Keepers“

Ова е серија од 7 епизоди што раскажува за бруталното убиство на калуѓерка од 1969-та година. Постојат некои идеи и заговори за свештениците во католичката црква, а овој документарец открива што навистина се случувало зад затворени врати.

Подгответе се да бидете збунети, гневни, фрустрирани, тажни и очајни за одговори.

„Making A Murderer“

И овој документарец е серија со две сезони и ќе ви биде потребно време да сфатите на чија страна сте. Стивен Авери, кој неодамна бил ослободен од погрешно обвинение се обидува одново да го започне својот живот, кога е обвинет уште еднаш.

Овој пат, за убиството на Тереса Халбах. На почетокот ќе се сомневате дека е виновен, но како што се појавуваат повеќе сведоци и потенцијални осомничени, нема да знаете во што верувате.

„Confessions With A Killer: The Ted Bundy Tapes“

Ова е уште една серија документарец што ја раскажува приказната за серискиот убиец Тед Банди, кој брутално убил над 30 жени. Тој бил маж кој немал пријатели, не можел да одржи врска, му недостасувале емпатија и љубов и успеал да избега од затвор два пати.

Најлошото е што Тед изгледал навистина добро и е навистина шармантен, така што нема да ви се верува дека е способен за вакво злодело. Во серијата има и снимки од Тед во кој се обидува да се одбрани и да ги манипулира другите.

Можеби отсекогаш сте го знаеле Тед како убиец, но овој документарец го покажува и како човек, што го прави навистина морничав.

Уште 4 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg