8 морничави криминални документарци што вреди да ги изгледате

„The Staircase“

Овој документарец од 13 епизоди ве тера да се сочувствувате со Мајкл и неговите ќерки, чија мајка и жена, Кејтлин Питерсон, умрела мистериозно. Документарецот го опфаќа обидот на одбраната да ја докаже невиноста на Мајкл.

Но, деталите што се изложуваат ќе ве натераат да се сомневате во него и да се запрашате дали случајот на Кејтлин бил несреќа или пак можеби убиство.

„The Innocent Man“

Доколку мислевте дека сведочењата на очевидците и осомничените е најдобриот начин да го обвините убиецот, овој документарец ќе го промени тоа.

„The Innocent Man“ ги раскажува приказните за две различни, но ужасни убиство во Ада, Оклахома. Во 1982-ра година, полицијата од Ада ги уапсила Рон Вилијамсон и Денис Фриц за силувањето и убиството на 21-годишната Деби Картер.

Во 1984-та година, полицијата ги уапсила Томи Вард и Карл Фонтенот за киднапирање, силување и убиство на Денис Харавеј. Иако во серијата фалат многу факти и не точно докажано кој убил кого, документарецот сепак докажува нешто – сведоците можат да сведочат лажно, обвинетите можат да бидат погрешно обвинети, а понекогаш и обвинетите даваат лажни признанија.

„Mommy Dead and Dearest“

Овој документарец ќе ве стави во искушение да се сочувствувате со убиецот. Приказната е за мајката Ди Ди Бланчард и нејзината ќерка Џипси Роуз Бланчард, како и вознемирувачки случај на синдромот Минхаузен. Со други зборови, Ди Ди си замислила дека Џипси е болна и дека треба да биде хендикепирана и постојано да прима лекови.

Во документарецот ќе дознаете за многуте посети во болница, мистеријата зад болеста на Џипси, донациите и сè помеѓу.

По некое време Џипси запознава момче преку Интернет кое ѝ покажува што е вистинска љубов, па таа одлучува дека ѝ е доста од она што ѝ го приредува мајка ѝ.

„Evil Genius: The rue Story of America's Most Diabolical Bank Heist“

Овој документарец во 4 дела започнува со доставувач на пица кој станува заложник и е присилен да ограби банка, пред бомбата закачена на неговото тело да го убие.

Иако постојат повеќе луѓе кои се вклучени во овој деструктивен грабеж, изгледа дека зад сето стои само една жена – Марџори Диел-Армстронг.

Овој документарец е чуден, интересен и на моменти тежок за гледање. Ќе ви покаже како една ментално нестабилна жена може да оди до екстреми, само за да го добие она што го сака.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg