Глумци кои им ги „украле“ пред нос улогите на нивни колеги

Откако продуцентите ги ангажирале за филмот, па дури снимиле и повеќе сцени, некои си ги покажале вистинските лица во суровиот свет на Холивуд. Заменети се со други имиња од струката, кои без колебање им го заземале местото. На чија добивка или штета?

glumci-koi-im-gi-ukrale-pred-nos-ulogite-na-nivni-kolegi-1.png

Филмските ѕвезди што ви ги откриваме во продолжение се дел од „несреќниците“ кои во последен час останале без работен ангажман. Ликовите им ги одиграа други, наводно посоодветни актери, бидејќи според образложението на режисерите, тие сепак подобро би се вклопиле во приказната.

Ова се глумците кои им ги „украле“ пред нос улогите на нивни колеги:

Мелиса Мекарти на Џулиен Мур

Во текот на едно телевизиско интервју, црвенокосата актерка призна дека таа всушност требало да ја игра главната улога во филмот „Can You Ever Forgive Me?“, за на крајот истата да ѝ припадне на Мелиса Мекарти.

До замената наводно дошло поради различните замисли на режисерот за тоа како треба да изгледа ликот, наспроти сугестиите од страна на Џулиен Мур.

glumci-koi-im-gi-ukrale-pred-nos-ulogite-na-nivni-kolegi-3.jpg

Скарлет Јохансон на Саманта Мортон

Откако ги снимила сите гласовни пораки за филмот „Her“, режисерот ѝ приредил студен туш на актерката Саманта Мортон.

Тој одлучил дека за ликот во споменатиот проект, кадешто гласот игра најважна улога, сепак е посоодветен избор нејзината далеку попозната и згодна колешка Скарлет Јохансон.

glumci-koi-im-gi-ukrale-pred-nos-ulogite-na-nivni-kolegi-2.jpg

Виго Мортенсен на Стјуард Таунсенд

Уште поскандалозен е ангажманот на Стјуарт Таунсенд во рамки на фантастичниот филмски серијал „The Lord of the Rings“. Ирскиот актер поминал два месеци во тренинзи и снимања, за на крајот да биде заменет, наводно без да го исплатат ни долар за вложениот труд.

Улогата подоцна му припадна на колегата со данско потекло Виго Мортенсен.

glumci-koi-im-gi-ukrale-pred-nos-ulogite-na-nivni-kolegi-4.jpg

Мишел Фајфер на Анет Бенинг

Култната жена-мачка во филмот „Batman Returns е улога што според планот на режисерот Тим Бартон требало да ѝ припадне на Анет Бенинг. Меѓутоа, славната глумица останала бремена, а со тоа и без работен ангажман на проектот.

Нејзиниот лик го презеде сексапилната колешката Мишел Фајфер, користејќи ја шансата да да заблеска на големото платно. И доби тројно поголем хонорар од предвидениот за претходничката.

glumci-koi-im-gi-ukrale-pred-nos-ulogite-na-nivni-kolegi-5.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg