Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одлични серии за оние кои сметаат дека веќе изгледале сè

Доколку верувате дека гледате многу серии и дека сте изгледале сè што е добро, имаме добри вести за вас – секогаш има нешто што сте пропуштиле.

odichni-serii-za-onie-koi-smetaat-deka-izgledale-se-01.jpg

Сериите во продолжение не се многу популарни, но тоа не значи дека не го заслужуваат вашето внимание.

Па, кога немате што да гледате, вреди да им дадете шанса:

Fleabag

Првата сезона од серијата е уште од 2016-та година, а овие денови наголемо се зборува за втората сезона чија премиера беше овој мај.

Оваа серија е одличен обид за прикажување на женската еманципација.

Серијата ја следи приказната на млада жена која неодамна доживеала трагедија и се обидува да се соочи со животот во Лондон. Иако можеби ова ве асоцира на вистинска трагедија, серијата е една од најдуховитите и најискрените.

Doctor Foster

Ова е серија со две сезони и беше прогласена за најдобра драма во Англија во 2016-та година.

На почетокот ќе ви изгледа како да станува збор за едноставна приказна за неверство, сместена на југот од Англија.Но, наскоро ќе се убедите дека вистината е многу поразлична.

Серијата поставува бројни прашања во врска со бракот, неверството и врските, а најдоброто е што нема да можете да заземете само една страна.

Golden Life

И Украинците имаат одлична серија. Ова е приказна за семејството, криминалот, транзицијата и распадот на истото семејство поради нарушениот систем на вредности.

Серијата е сместена во модерна Будимпешта и раскажува за богатото семејство Миклош кое со разни и сомнителни активности и трикови го издржува Атила.

Заплетот започнува кога Атила сака да стане искрен, па семејната идила одеднаш исчезнува. Во оваа новонастанатата ситуација се случува вистински хаос.

Lа Mante

И Стивен Кинг ја пофали оваа серија. Името на серијата во превод значи богомолка.

Приказната е за Жан Дебер која е сериски убиец на кој ѝ завидува и Ханибал Лектор. Поради нејзините злодела, таа поминала 25 години зад решетки.

Кога некој друг се обидува да ги копира нејзините убиства, Жан ѝ нуи помош на полицијата во истрагата, но под еден услов – нејзиниот син со кого нема разговарано од нејзиното апсење, мора да соработува со неа на случајот.

Mad Dogs

Четирите сезони од оваа британска серија ветуваат одлична забава. Четири пријатели од 40-тина години се одмор во Шпанија и запаѓаат во неволја која вклучува нарко картел, дроги и милионски суми.

Само што ќе помислите дека нашле излез, почнуваат да се појавуваат уште поголеми проблеми. Најдобриот дел од серијата се дијалозите кои вистински ќе ве насмеат.

Иако на прв поглед серијата изгледа како акција, ова е приказна за пријателтвото и созревањето.

https://www.youtube.com/watch?v=qae7R6ct80Q

Occupied

Ова е норвешки политички трилер сместен во блиска иднина. Норвешка е окупирана од Руси бидејќи неодамна била избрана норвешка влада што се залага за екологијата и го сопрела производството на нафта и гас во Северното Море.

Ова е најуспешната и најскапата норвешка серија и е нарекувана скандинавската Homeland. Интересно е што руската амбасада во Осло бурно реагирала после емитувањето на серијата.

Secret Diary of a Call Girl

Ова е постара серија што ја имаат гледано малкумина. Направена е според вистинскиот дневник на анонимна елитна проститутка, но не очекувајте нешто тешко за гледање.

Кога Британците снимаат серија, хуморот е неизбежен, а овде има одлична комбинација од пикантерии и смешни ситуации во кои запаѓа главната хероина Бел.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
„Чекавме 3 години за овој ужас“: Критики за втората сезона од Squid Game + најзабавните мемиња за се... „Само што ја завршив втората сезона и е толку ужасна, што плачам. Сите елементи ...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезон... Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и слу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg