Која е Лашана Линч - актерката која изгледа ќе го игра новиот Џејмс Бонд агент?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Која е Лашана Линч - актерката која изгледа ќе го игра новиот Џејмс Бонд агент?

Франшизата Џејмс Бонд ја менува историјата. Минатиот викенд фановите на познатиот агент беа навистина изненадени кога се откри дека новиот 007 агент ќе го игра Лашана Линч.

neshta-shto-treba-da-gi-znaete-za-lashana-linch-akterkata-kojashto-kje-go-igra-noviot-bond-agent-01.jpg

Наводно, на почетокот од филмот, Bond 25, имало сцена каде што М вели: „Влези 007“ по што во просторијата влегува Лашана – црна и убава жена. Бонд е сè уште Бонд, но овој пат е заменет со прекрасната Лашана.

neshta-shto-treba-da-gi-znaete-za-lashana-linch-akterkata-kojashto-kje-go-igra-noviot-bond-agent-03.jpg

Иако од тимот сè уште немаат потврдено ништо, Лашана може да ја промени историјата и да биде првата жена која ја има оваа улога.

neshta-shto-treba-da-gi-znaete-za-lashana-linch-akterkata-kojashto-kje-go-igra-noviot-bond-agent-02.jpg

Додека да добиеме повеќе информации, погледнете неколку факти што би требало да ги знаете за актерката:

Ја имате видено и претходно

Долго пред да ја добие улогата во Bond 25, Лашана имала неколку филмски и телевизиски улоги.

Покрај појавување во Captain Marvel, 31-годишната актерка се има појавено во Bulletproof, Still Star-Crossed и серијата Crims.

Сериозна посветеност

Пред да ја добие улогата во Captain Marvel, Лашана отишла на аудиција и за Black Panther, како и за Spider-Man: Homecoming.

Иако последниве две аудиции не оделе по план, таа ја добила улогата во Captain Marvel само неколку денови после тест со Бри Ларсон.

neshta-shto-treba-da-gi-znaete-za-lashana-linch-akterkata-kojashto-kje-go-igra-noviot-bond-agent-04.jpg

Инспирација

За улогата во Captain Marvel, Лашана црпела инспирација од нејзиното искуство – таа била одгледана од самохран родител.

„Мислам дека е навистина посебно да играш самохрана мајка во Marvel Cinematic Universe, и за младите и за постарите генерации кои не го гледаат тоа на екран. И самохраните мајки се суперхерои. Мојот лик успева да го живее својот најдобар живот, и емоционално и физички, и мислам дека креаторите направиле добра рамнотежа за некој кој нема вообичаени супермоќи. Таа има моќ однатре и може да ја искористи и да ѝ ја пренесе на нејзината ќерка Моника.“

Физичка подготвеност

Иако Лашана не го открива нејзиниот план за вежбање, со само еден поглед на нејзиниот Инстаграм профил, ќе забележите дека ова е силна жена, и физички и ментално.

Без разлика дали вежба во теретана или покажува опасни кик-бокс потези, Лашана веќе докажа дека ја заслужува улогата во Bond 25.

View this post on Instagram

“... And make me, the bad guy Chun-Li.”

A post shared by Lashana Lynch (@lashanalynch) on

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови кои ќе ви го стопат срцето Романтични, но не лигави. Ова е листата на филмови кои ќе ви го стопат срцето и ...
Ќе останувате дома за Нова година? Предлог серии кои ќе ги изгледате в... Да се остане дома за Нова година воопшто не е најтрагичното нешто коешто може да...
10 нови филмови од 2019 кои мора да ги изгледате под итно Подготвени за филмски викенд исполнет со нови и возбудливи наслови? Овој пат на ...