Која ќе биде новата Руби? Се снима нова верзија на мексиканската хит-серија
Televisa почнува да снима нова верзија од хит серијата Руби, но дали новите актери ќе бидат доволно добри да ги заменат нашите омилени ликови од минатото?
Дури и оние кои не биле фанови на мексиканските серии, сигурно некогаш изгледале барем некоја епизода од популарната Руби.
За фановите на популарната серија, следат одлични вести – ќе се прават неколку нови верзии од познатите мексикански серии, меѓу кои е и Руби.
Televisa повторно ќе ја врати на малите екрани омилената серија, овојпат со поразлична актерска екипа.
Мексиканската заводничка, Барбара Мори, сега добива замена за улогата на сиромашна, убава девојка која се интересира само за пари, а кои ќе бидат останатите актери кои ќе ги играат добро познатите ликови?
Актери кои ќе ги глумат познатите ликови во новата верзија на мексиканската серија Руби?
Руби – Камила Соди
Алехандро – Хозе Рон
Хектор – Родриго Гирао
Мајката на Руби – Мајрин Виљануева
Сестрата на Руби – Таниа Лизардо
Марибел – Кимберли Дос Рамос
Таткото на Марибел – Лизардо Гуаринос
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





