10 одлични филмови кои веројатно не сте ги изгледале досега (а треба да го сторите тоа)
Вообичаено им даваме предност на филмовите - „блокбастери“ кои се најавуваат бомбастично или на оние во коишто глумат познати актери.
На овој начин, „под радарот“ ни се провлекуваат одлични, но помалку познати филмови. А за вистинските обожаватели на филмот би било вистинска штета да не ги изгледаат.
Овој викенд задолжително одвојте време за:
Snow Cake (2006)
Моќна драма која се фокусира на пријателството помеѓу жена со аутизам која умее одлично да се снајде сама и маж кој е истрауматизиран после фатална автомобилска несреќа.
https://www.youtube.com/watch?v=YtTdn1sbU8M
How I Live Now (2013)
Млада Американка е пратена кај нејзините роднини во рурална Англија за време на летото, додека во Европа беснеат многубројни конфликти и бомбардирања.
Spring, Summer, Fall, Winter… and Spring (2003)
Момче е одгледано од страна на будистичкиот монах на изолиран пловечки храм каде што сезоните минуваат како годишните времиња.
https://www.youtube.com/watch?v=gXyxi-jnKxw
You’re Next (2011)
Дејвисонови се екстремно богато семејство, чии членови се сепак отуѓени едни од други. Кога мажот и жената решаваат да ја прослават годишнината од бракот со децата и нивните партнери, се појавува неканет гостин со животинска маска на лицето…
The Lives of Others (2006)
Источен Берлин, 1984 година. Агент на тајната полиција е задолжен за спроведување надзор на еден писател и неговата љубовница, полека станувајќи дел од нивните животи.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





