Одлични комедии од 2019 кои не смеете да ги пропуштите

Доколку периодот ви е напнат или ве нервира промената на времето, ова е вистинското време за расположување со добра комедија.

Odlicni-komedii-od-2019-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-01.jpg

2019 година се покажа како одлична за седмата уметност, а жанрот комедија не е никаков исклучок.

Одбравме 10, дефинитивно ќе најдете филм по ваш вкус. Време е за смеа:

Late Night (2019)

Кетрин со години е водителка на ТВ шоу, но веќе го има изгубено ентузијазмот за работата. Таа е строга, ексцентрична и не сака да знае ништо за своите вработени. Кога на тимот за прв пат ќе му се приклучи жена, работите полека се менуваат.

Shazam! (2019)

Сè што му е потребно на 14-годишниот Били Батсон да се трансформира од обично дете во супер херој е да изговори еден магичен збор. Но, воопшто не е лесно да си супер херој, да го браниш светот од злобни, натприродни сили и истовремено да си во потрага по изгубената мајка.

The Secret Life of Pets 2 (2019)

Макс, кој е опседнат со безбедноста на бебето во семејството, заминува на село. Таму го запознава бестрашниот Рустер кој го учи на неколку важни животни работи.

Long Shot (2019)

Шарлот е паметна, софистицирана и една од највлијателните жени во светот. Кога неочекувано го среќава Фред кого го чувала додека бил помал, таа му нуди работа во нејзиниот тим.

Isn’t It Romantic (2019)

Натали е срамежлива по природа и не верува во романтика и љубов. Не може да се пробие на работното место и покрај талентот, сè додека буквално не се разбуди во своја верзија од романтичен филм.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg