Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хорор филмови од 2019 кои мора да ги изгледате доколку сте љубители на жанрот

Го ситниме последното тримесечје од 2019 година, што значи дека остануваат уште многу малку премиери на нови филмови.

Horor-filmovi-od-2019-koi-mora-da-gi-izgledate-01.jpg

Токму поради ова можеме да ги сумираме впечатоците од филмовите кои веќе се промовирани во тековната година.

Доколку сте љубители на жанрот хорор, тогаш дефинитивно не смеете да ги оставите неизгледани следните 10 филмови:

Ready or Not

Грејс се мажи за човекот од своите соништа и не може да биде посреќна. Но според традицијата на новата фамилија, таа мора да се скрие и да преживее од полноќ до разденување, додека останатите членови на семејството се обидуваат да ја уловат како некој плен.

Us

Аделајд повторно се враќа во местото каде што го поминала своето детство, овој пат со своето семејство. Но се чини дека местото е опкружено со мрачни, демонски сили. Како што спомените ѝ се враќаат, така Аделајд сфаќа дека овој пат не е само таа во опасност, туку и луѓето што ги сака најмногу.

Annabelle Comes Home

Ед и Лорејн се експерти за паранормални активности и ја заклучуваат опседнатата кукла Анабел на таванот. Но кога таа ги буди злобните духови во куќата, во опасност се сите - родителите, нивната 10-годишна ќерка, нејзините другарки и дадилката.

Brightburn

Тори и Кајл долго време се обидувале да имаат дете, но безуспешно. Соништата на Тори за мајчинството се исполнуваат со мистериозното пристигнување на Брендон. Тој е практично совршено момче, но како што навлегува во пубертетот станува јасно дека нешто не е во ред со него.

Scary Stories to Tell in the Dark

Ноќта на вештерките, 1968 година. Срела и нејзините двајца пријатели го запознаваат мистериозниот Рамон и откриваат бележник со страшни приказни, кои една по една започнуваат да се остваруваат во реалноста.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg