„Фамилијата Марковски“ се враќа на малите екрани - Фотки од снимањето на сезона 2

Долгоочекуваната втора сезона од популарната македонска серија „Фамилијата Марковски“ ќе почне со премиерно прикажување оваа сабота (09.11.2019) во 19.20 часот на телевизијата „Канал 5“.

familija-markovski-se-vrakja-na-malite-ekrani-fotki-od-snimanjeto-na-sezona-2-01.jpg

Серијата минатата сезона ги освои симпатиите на публиката прикажувајќи го секојдневието на членовите на фамилијата Марковски и предизвиците што ги носи живеењето во едно дисфункционално општество.

Серијата е во продукција на „Арт проект лаб“, а е поддржана од European Endowment for Democracy (EED) и National Endowment for Democracy (NED).

Лиле (Силвија Стојановска), Иван (Александар Миќиќ), Јана (Тамара Ристоска), Виктор (Владимир Петровиќ) и Бојан (Петар Петковски) од оваа сабота ќе продолжат преку своите лични приказни да ни го илустрираат македонското секојдневие допирајќи многу теми кои често завршуваат на маргините. Здравствениот хаос, партиските вработувања и непотизмот беа само дел од темите кои беа обработени во претходната сезона.

familija-markovski-se-vrakja-na-malite-ekrani-fotki-od-snimanjeto-na-sezona-2-03.jpg

- Со првата сезона се обидовме да допреме теми кои тогаш, но за жал и денес се сѐ уште актуелни. Публиката го препозна импулсот на серијата и ни дозволи да ја раскажеме приказната онака како што ја замисливме. Со втората сезона одиме уште подалеку, обработувајќи теми како семејното насилство, зависноста од коцкање и онаа можеби најболна тема за македонското општество – иселувањето на младите. Дејствието и овој пат е инспирирано од вистинити приказни од животот на граѓаните - изјавија од „Арт Проект Лаб“.

familija-markovski-se-vrakja-na-malite-ekrani-fotki-od-snimanjeto-na-sezona-2-02.JPG

Втората сезона на „Фамилијата Марковски“ имаше и свое фестивалско претставување на овогодишниот Сараевски филмски фестивал, каде премиерно беа прикажани првите две епизоди од серијата како дел од програмата „Avant Premiere Gala“ заедно со уште четири балкански серии од новата продукција.

„Фамилијата Марковски“ е во режија на Даријан Пејовски а главните улоги ги толкуваат Силвија Стојановска, Александар Миќиќ, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ и Петар Петковски.

familija-markovski-se-vrakja-na-malite-ekrani-fotki-od-snimanjeto-na-sezona-2-04.JPG

Серијата покрај премиерното прикажување во сабота во 19:20 на „Канал 5“ ќе може да се погледне и репризно во недела од 17:00 часот.

Во продолжение се фотките од снимњето на сезона 2:

https://www.facebook.com/familijataMarkovski/posts/2873962805981547

Би можело да ве интересира:

Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 серии (за продолжен викенд) што ќе ве држат во неизвесност до последната епизода Fargo, Twin Peaks и Sherlock се дел од сериите кои ќе ви го пополнат слободното ...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
5 причини зошто да ја изгледате шпанската серија „Valeria“ на Нетфликс Можеби работата не ве исполнува, не знаете дали навистина сте со партнерот од љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg