Напнати мистерии со умствени игри кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај

Подготвени за филмови исполнети со многу возбуда и адреналин? Доколку уживате во напнати трилери, акции и хорори исполнети со мистерија, го имаме вистинскиот список од 10 одлични филмови за вас.

Napnati-misterii-so-umstveni-igri-01.jpg

Зачинети со игри кои ќе си поиграат со вашиот ум, задолжително одвојте време за:

Devil 2010

Петорица странци се заглавуваат во лифт. Детективот Боуден мора да открие кој ги повредува, бидејќи еден по еден започнуваат да умираат на најмистериозни начини.

The Stepfather 2009

Мајкл се враќа од военото училиште дома, а неговата мајка изгледа среќно со нејзиното ново момче. Како што двајцата мажи се запознаваат, Мајкл започнува да станува сомничав во врска со неговиот нов иден очув Дејвид.

In the Tall Grass 2019

Брат и сестра ќе го слушнат плачот на мало дете и ќе тргнат низ високите треви во изолиран предел во Канзас. Наскоро сфаќаат дека не може да го најдат излезот и дека се крие некакво зло помеѓу тревата.

Inferno 2016

Работен според истоимениот роман на Ден Браун, омилениот протагонист доктор Роберт Ленгдон се буди во Италија со амнезија. Заедно со помошта на Сиена Брукс, двајцата мора да ја решат мистеријата која се заканува да го уништи светот.

1922 2017

Фармер кој живее во 1922 година крои план да ја убие сопругата, а мотивот зад убиството се парите. Тој го убедува неговиот син тинејџер да му помогне во остварувањето на целта. Но ниедно злосторство не може да помине неказнето.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg