15 маестрални серии од кои бевме „зависни“ пред речиси две децении

Не постои никаков сомнеж дека современата кинематографија постојано брилјира, се усовршува и непрекинато продолжува да нѐ изненадува.

15-maestralni-serii-od-koi-sme-bile-zavisni-pred-rechisi-dve-decenii 01 630x330.jpg

До нас секојдневно циркулираат маестрално изработени филмови и серии, од буквално секакви жанрови, така што навистина е лесно да се задоволи сечиј вкус.

Поради изобилството на разни стриминг-платформи, допирот до овие содржини е навистина едноставен, за разлика од порано.

Имено, доколку се навратиме низ годините доаѓаме до заклучок дека веројатно единствениот тогашен извор, кој ни предизвикувал задоволство од ваков тип биле телевизиските програми.

Секако, како дел од нив неминовно е да ги споменеме латино-американските серијали кои заземаа посебно место во срцата на голем број гледачи од нашата популација.

Сепак, овојпат решивме за момент да ги заобиколиме и да ве потсетиме на останатите серии кои во својата емитувачка декада постигнаа навистина голема популарност.

На неколкумина од нив сигурно се сеќавате, а на дел од останатите ќе ве потсетиме ние. Подгответе се за мала, носталгична „прошетка“.

Во продолжение ви издвојуваме 15 најпопуларни серии од пред речиси две декади:

1. „Изгубени“ – Lost, 2004 – 2010

Авантуристичка серија за којашто со самото стартување навистина се крена голема прашина.

Како тогашен феномен во својот жанр, серијата „Изгубени“ го освои својот култен статус дури пред завршувањето на првата сезона. Првата епизода била изгледана од вкупно 18,65 милиони гледачи ширум целиот свет.

Станува збор за група од вкупно 70 преживеани луѓе, кои против својата волја се наоѓаат на мистериозен остров. Покрај разните несогласувања, тие ги здружуваат своите сили, трудејќи се да преживеат.

Голем број на љубители на оваа серија декларативно бунтуваа во врска со нејзиниот „лош“ крај, но сепак едно е сигурно, таа ќе остане уште долго запаметена.

2. „Истрага на местото на злосторството“ - CSI (Las Vegas, Miami, NewYork…), 2000 – 2015

Нескромно, една од најпопуларните и наградуваните американски телевизиски серии во двеилјадитите години.

„Истрага на местото на злосторството“ претставува криминална драма застапувана од тим форензичари, одлично обучени да решаваат разни злосторништва преку собирање важни докази и откривање на изгубени фрагменти, кои всушност го кријат решението на мистериите.

Па, кого префериравте како главен протагонист, Хорацио Кејн или пак можеби некој друг?!

3. „Седмо небо“ - 7th Heaven, 1996 – 2007

Една од најсимпатичните, семејни серијали што се емитуваше секоја недела околу 15:00 часот.

Станува збор за повеќечлена протестантска свештеничка фамилија, која со секојдневните случувања нѐ научи кои се всушност вистинските вредности кои треба да се негуваат.

Една од главните улоги зазема неодоливата Џесика Бил.

4. „Сопранови“ – Sopranos, 1999 – 2007

Едно топло потсетување на серијата којашто доби многу пофалби од критичарите и е прогласена за една од највеличествените серии во телевизиската историја.

Не е ни чудо што приказната за Тони Сопрано, кој со потешкотии се обидува да најде баланс помеѓу проблемите во неговиот дом и криминалната организација која ја води, продолжува да привлекува гледачи низ целата планета.

Извонредната серија „Сопранови“ има освоено вкупно 18 Еми награди и 5 Златни Глобуси.

5. „Очајни домаќинки“ – Desperate Housewives, 2004 – 2012

Направете место за уште една серија којашто дефинитивно остави белег во филмската индустрија. Безброј тајни, романси, убиства. За сѐ е виновна една навидум обична улица.

Оваа маестрална ТВ серија низ емитувањето на своите четири сезони има освоено 3 Златни Глобуси и уште вкупно 31 награда и 92 номинации.

Припадниците на „посилниот“ пол секако не остануваа рамнодушни на сексапилната Ева Лонгорија, додека пак женската страна тотално „занемуваше“ кога на малите екрани ќе се појавеше мускулестиот градинар, Џон Роланд.

6. „Волшебнички“ – Charmed, 1998 – 2006

Приказна за три сестри, навидум обични девојки, стационирани во Сан Франциско.

Еден ден, тие откриваат дека имаат натприродна моќ, така што наоѓаат книга напишана од вештерки - нивните предци и сфаќаат дека нивниот живот радикално се менува.

Тие стануваат добри вештерки кои се борат против злите демони, без да ја користат својата моќ за лична корист. Колку и да се чувствуваат моќни заради нивната чудна судбина, за брзо сфаќаат дека воопшто не е лесно да се биде вештерка.

Па, која од трите ви беше омилена?!

7. „Маѓепсани“ – Incantesimo, 1998 – 2008

Заплетот на оваа  екстремно популарна серија, која постигна голем успех кај нашата публика, се врти околу клиниката Life  во Рим и се базира на секојдневните медицински зафати и случувања во неа, како и љубовните приказни на лекарите, медицинскиот персонал и адвокатите кои работат во неа.

Покрај љубовните приказни и интригите, оваа серија нѐ освои со обработувањето на актуелни социјални теми како што се зависноста, насилството врз жените, имиграцијата, бирократијата итн.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg