5 нови серии на Нетфликс за кои публиката даде зелено светло

Можеби критичарите ги оценија како премногу клише, предвидливи и по малку здодевни. 

5-novi-serii-na-Netfliks-01.jpg

Но, публиката го има главниот збор, а се чини дека овие 5 нови серии го прават Нетфликс навистина chill место за одмор на мозокот:

Ginny and Georgia

Џорџија ја родила Џини кога имала само 15 години. Сега нејзината ќерка е тинејџерка, има полубрат од друг татко, а згора на сè се сели во друг град со семејството.

Џини се соочува со сите типични тинејџерски проблеми, како и расна дискриминација поради тоа што нејзиниот биолошки татко е со темна боја на кожата.

Џини, од друга страна, крие ужасни тајни од минатото.

https://www.youtube.com/watch?v=QsacpJwXCO8&ab_channel=Netflix

Behind Her Eyes

Самохрана мајка наеднаш се вплеткува во мрежа на ментални игри кога започнува афера со нејзиниот шеф кој е психијатар.

Таа тајно се спријателува и со неговата необична, загадочна сопруга. Се чини дека од лавиринтот нема никаков излез.

Age of Samurai: Battle for Japan

Кралствата во феудална Јапонија се во сурова војна. Неколкумина моќници се борат до смрт за да седнат на престолот.

Firefly Lane

Тали и Кејт се најдобри другарки од своите тинејџерски денови. Девојките од Фаерфлај Лејн се неразделни и 30 години подоцна и покрај сите подеми и падови кои ги следат во животот.

Invisible City

Детектив истражува убиство. Одеднаш тој е вовлечен во битка помеѓу реалниот, видлив свет во којшто живееме и подземен свет населен со волшебни суштества.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg