10 брилијантни филмови што не добија Оскар, а вреди да ги изгледате

Многу одлични филмови биле на некоја начин „ограбени“ од страна на Академијата која е задолжена за номинации и доделување на наградата Оскар. Во најголем дел од времето не се согласува со публиката, но се чини дека таа го има завршниот збор и одлучува за квалитетот и популарноста на филмовите.

10-brilijatni-filmovi-sto-ne-dobija-Oskar-01.jpg

Дали сте знаеле дека ремек-делото на The Shawshank Redemption работен според оригиналната приказна на Стивен Кинг, иако се наоѓа на речиси сите филмски листи со епитетот „најдобри“, нема добиено ниту еден Oскар?

И покрај седумте номинации, филмот не освоил ниту еден, но го издржал тестот на времето. Што значи наградите не секогаш се пресудни за успех. 

Ги препорачуваме следните 10 брилијантни филмови кои не освоиле Oскари, но ги освоиле срцата на публиката:

Memento

Ленард Шелби кој работи во осигурување страда од амнезија. Тој ги користи личните белешки и тетоважите на своето тело за да го фати човекот за кој смета дека ја убил неговата сопруга. Тоа е последното нешто што Ленард го памети.

Amélie

Амели е млада келнерка која живее во свој имагинативен свет. Таа решава да им помогне на луѓето околу неа да најдат среќа. Нејзината желба и потрагата по радост за другите ја води низ животна авантура во која ќе пронајде вистинска љубов.

The Shawshank Redemption

Енди е успешен банкар, кој е уапсен за убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник. Тој е осуден на доживотен затвор во затворот Шошенк. Енди станува најнеобичниот затвореник кој стапнал во затворот.

American Hustle

Ирвинг и Сидни се измамници кои се принудени да работат за Ричи, агент на ФБИ. Во замена за нивното „кодошење“ тој им нуди амнестија. Тие се дел од тајна операција што ќе доведе до затвор и осуда на многу истакнати луѓе.

The Master

Фреди, ветеран од Втората светска војна, не е во состојба да се справи со повоеното општество. Меѓутоа, кога ќе наиде на религиозно движење познато како „The Cause“, тој наоѓа утеха во него.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg