10 серии инспирирани од (морничави) вистински настани кои вреди да ги изгледате

Narcos

Првата сезона од Narcos се фокусира на Пабло Ескобар – најголемиот наркобос на сите времиња.

Серијата дава увид во неговиот приватен живот, но и сите злодела што ги направил за време на неговото „владеење“.

Mindhunter

Иако, за жал, беше откажана поради високи трошоци за снимање, Mindhunter e серија што треба да ја изгледа секој љубител на детективски приказни.

Главните ликови се инспирирани од вистинските ФБИ агенти кои го смислуваат изразот „сериски убиец“ и се првите кои почнале да прават психолошки профил на убијците.

Unorthodox

Мини-серијата на Нетфликс ја раскажува приказната за млада девојка која живее во многу религиозно еврејско семејство.

Не сакајќи да се венча, таа бега од заедницата и семејството и пробува да почне нов живот.

Серијата е снимена според автобиографската книга на Дебора Фелдман.

Alias Grace

Снимена според истоимената книга на Маргарет Атвуд, Alias Grace ја раскажува приказната на млада девојка која е обвинета за убиство.

Книгата на Атвуд е инспирирана од вистинската приказна на Грејс Маркс која била обвинета за брутално убиство.

Dr. Death

Главниот лик е хирургот Кристофер чии пациенти мистериозно умираат или остануваат осакатени.

Кога сфаќаат дека тој е одговорен, двајца негови колеги пробуваат да го спречат.

Серијата е снимена според приказна за вистински неврохирург кој намерно ги осакатувал, па дури и ги убивал пациентите на операциона маса.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 крими серии на Нетфликс што ќе ви го пополнат слободното време Ozark и Narcos доколку сакате серии со картели, или Brooklyn Nine-Nine ако сте р...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg