10 серии инспирирани од (морничави) вистински настани кои вреди да ги изгледате

Chernobyl ја раскажува приказната за нуклеарната катастрофа во Чернобил и важи за една од најдобрите серии на сите времиња. Кои други серии снимени според вистински настан вреди да ги изгледате?

10-serii-inspirirani-od-mornichavi-vistinski-nastani-koi-vredi-da-gi-izgledate-01.jpg

Кога сме свесни дека дејството на серијата е барем делумно според вистински настан, целото гледање се претвора во ново искуство.

Особено ако станува збор за серија која обработува комплексни и проблематични теми.

10 серии инспирирани од вистински настани кои секој треба да ги изгледа:

Dahmer – Monster: The Jeffrey Dahmer Story

Како што кажува името на серијата, дејството се фокусира на озлогласениот сериски убиец Џефри Дамер.

Морничавата серија го следи целиот живот на Дамер и пробува да даде одговор на важно прашање: Дали психопатите се родени, или се резултат на нездравата средина во којашто растеле?

Chernobyl

Мини-серијата Chernobyl се фокусира на катастрофата во Чернобил од 1986 година и кратко по премиерата беше прогласена за една од најдобрите на сите времиња.

Дејството следи неколку ликови и нивниот удел во катастрофата, а притоа покажува и со што се соочиле настраданите.

The Wire

Ако сте расположени за подолга серија, вреди да ја изгледате The Wire.

Главниот фокус во серијата се дилерите на дрога во Балтимор и полицајците кои се обидуваат да ги фатат.

Дејството на серијата е инспирирано од вистински настани, а сценаристот Дејвид Сајмон, кој е поранешен новинар, црпел инспирација од известувањата што ги пишувал.

Band of Brothers

Band of Brothers е воена драма продуцирана од Том Хенкс и Стивен Спилберг.

Дејството е инспирирано од вистинска мисија за време на Втората светска војна, а серијата се смета за една од најдобрите на сите времиња.

The Watcher

Инспирирана од морничава вистинска приказна, The Watcher ја раскажува приказната на семејство кое почнува да добива писма од мистериозен испраќач.

Испраќачот им кажува дека постојано ги гледа, а со текот на времето неговите писма стануваат позаканувачки.

https://www.youtube.com/watch?v=5HDkw100sXQ

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
10 филмови кои траат (речиси) 3 часа, а вреди да ги изгледате Troy, The Batman, Dances with Wolves – ова се филмови кои траат речиси три часа,...
10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс 365 Days можеби беше многу популарен, но беше критикуван дека го прикажува насил...

Најчитани неделава