Провокативен видео запис на Некст Тајм

По пауза од 8 месеци братското дуо Некст Тајм вчера го промовираше новиот видео запис за темата „Некст Тајм“ во кој две заводливи девојки се борат во кал, моторџии се обложуваат на една од нив, а Марко- Тротоар е тапанар во бендот кој свири.

provokativen-video-zapis-na-next-time

Видео записот го изработи Томато Продукција, а интернет промоцијата на истиот се случи на официјалниот youtube канал на Некст Тајм.

Песната насловена " Некст тајм" се наоѓа на вториот албум на братското дуо и е авторско дело на Лазар Цветкоски. За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветкоска Ена го напишаа одличниот текст.

После ТВ промоцијата на видео записот која ќе се случи во рамките на естрадниот магазин Бекстејџ, Некст Тајм ќе ја започнат кампањата за издавањето на нивниот трет студиски албум, кој ќе излезе на пролет.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg