"Line Out" со нов сингл во етерот

Бојан Дамјаноски (гитара) и Бојан Вељаноски (вокал) или накратко Line Out се дуо кое веќе 9 години се занимава со музика. Активни се со настапи низ цела Македонија, публиката од Кичево, Охрид, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Струмица, Штип, Неготино и други градови веќе добро ги знае. Имаат учествувано на неколку хуманитарни концерти, а биле задолжени за музичкиот дел во повеќе емисии.

line-out-so-nov-singl-vo-eterot-01

Нивното првенче издадено на 13-ти јуни 2012 година е нумерата „Како првиот ден“, чија музика, текст и аранжман ги потпишува Милан Миланов, која доби и видео издание за акустичната верзија. На минатогодишното издание на фестивалот МакФест се претставија со песната „Со цело срце“, за чиј текст повторно се погрижи Милан Миланов, додека музиката ја потпиша Ристе Тевдоски.

Деновиве стигна уште еден новитет поврзан со момците од Лајн Аут. Во изминатиот период покрај преполниот распоред со настапи, тие работеа и на нова песна во соработка со Зоран Алексиќ од Sky Eye Entertainment: „Ни беше чест и задоволство што го запознавме Зоран и што почнавме соработка со него. Презадоволни сме од соработката, тој е многу квалитетен и позитивен. Нашата соработка ќе продолжи и понатаму.“

Новата песна е насловена „Јас не заминувам“, чии музика и аранжман ги потпишува токму Зоран Алексиќ, а текстот е на Рената Кралевска и истата од денес ќе имате можност да ја чуете во радио етерот и на официјалниот канал на Sky Eye Entertainment на You Tube.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg