„Убав сон“ - Песна посветена на Тоше Проески

Басистот на Тоше Проески, Трајко Симоновски – Таци, напиша песна за него во која како последен поздрав му посакува “Убав сон”.

ubav-son-pesna-za-tose-2

Песната е напишана во јануари 2008, неколку месеци по трагичната смрт на Тоше и е комплетно дело на Таци, кој е воедно и продуцент, а како гостин – пејач, се јавува ексклузивката н а “Горила Продукција” Сара Мејс.

“Не сакав да правам класична main stream поп песна, туку искрена песна која ќе ги опише комплицираните емоции насобрани во мене кога се случи она што се случи” – изјавува Таци.

Тој за Сара вели дека е толку многу полна со  музика и искрени емоции, што веднаш почувствувал дека нејзиниот вокал е вистинската допирна точка со визијата за точно замислениот звук на “Убав сон”. Песната поминала низ неколку верзии додека ја добие конечната форма. Првичната идеја била таа да биде снимена од бендот на Тоше, но набрзо била отфрлена.

Па така, Мартин Вучиќ ги снима тапаните, Сашко Николовски Сале (клавијатуристот од бендот на Тоше) ги отсвирува клавијатурите, придружни вокали пее Нина Јанева, а мастерингот е на Валентино Скендеровски.

За соработката со Таци, Сара Мејс изјавува:

“Бев 17 годишна клинка, кога снимивме неколку песни со Таци, одев кај него во студио и бев пресреќна зашто учев многу работи од него. Песната “Убав сон” е деликатно нешто. Приказна која ми претставува чест да ја раскажам.”

Во меѓувреме талентираната Сара не престанува да освојува награди и да не претставува во светски рамки. Пред неколку месеци беше прогласена за странски студент на годината во Р.Бугарија за 2012, а пред неколку дена освои Втора награда на Меѓународниот натпревар по композицја “Млади виртуози” одржан во Софија, каде зад себе ги остави Јужна Кореа и Франција н атрето и четврто место.

Сара учи композиција во класата на проф. Драгостинов, харфа и поп и џез пеење (во класите на проф. Христова и Тодорова).

 Во трите специјалности Сара е подеднакво успешна.

ubav-son-pesna-za-tose-1

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg