Рената ќе го промовира првиот спот на нејзиниот официјален ВЕВО канал

Најголемата македонска музичка надеж Рената, која е рамо до рамо со големите светски ѕвезди, нè изненади со уште еден новитет. Нејзината издавачка куќа неодамна го стартуваше официјалниот „Vevo” канал на You Tube платформата. Станува збор за најпрестижна видео музичка мрежа која е под контрола на најголемите светски музички продукции (Universal Music, Sony, EMI…).

renata-ke-go-promovira-prviot-spot-na-nejziniot-oficijalen-vevo-kanal-01

Продуцентската куќа Sky Eye Entertainment  која се грижи за кариерата на Рената е една од ретките независни продуцентски куќи во светот кои добија зелено светло за приклучување кон „Vevo“.

„Не сме изненадени поради тоа што го добивме овој канал, секако дека ни е драг и значи полесна промоција за нашата Рената, но кога ќе се подготвите добро и имате развиено одлична комуникација со клучните фактори во големата музичка индрустрија, сè е полесно и доаѓа сосема природно, впрочем како што и се изгради нашата соработка со Рената.” додаде Зоран Алексиќ, композитор и основач на Sky Eye Entertainment.

Рената во изминатиот месец го сними своето прво музичко видео за актуелниот сингл „Please Stay”, кое својата официјална промоција ќе ја доживее на нејзиниот „RennataVEVO” канал каде сите посетители ќе можат да го проследат на почетокот од следниот месец.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg