The Hardest Thing ита кон врвот


The Hardest Thing ита кон врвот

tose11_small.jpgНајавната тема од англискиот албум на Тоше Проески со наслов "The Hardest Thing" се наоѓа на самиот врв од Топ 20 листата на МТВ Адриа. tose11.jpg

Во моментов песната се наоѓа на третата позиција, но со оглед на он-лине петицијата која ја покренаа обожавателите, наскоро, таа ќе биде заменета со шампионската. Пред Тоше се позиционирани Ријана со "Take a bow" и Колдплеј со "Violet Hill". Дел од Топ 20 уште се Мараја Кери, Едо Маајка, Ашер, Мадона, Лака, Енрике Инглесијас...

"The Hardest Thing" е една од девете снимени нумери што ќе се најдат на материјалот наменет за светскиот музички пазар, кој неодамна беше најавен и со кусиот документарец снимен на Јамајка. Меѓу девете нумери има една одлична балада направена според вистинска љубовна приказна.

 

Само за потсетување, линкот за гласање е следниот: http://mtvadria.com/ladder.php?type=1

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски со втор албум Во срцето и нов спот за синглот Убиј... Македонскиот идол Виктор Апостоловски на својот 28-ми роденден го промовираше не...