Сара Мејс симулира секс во новиот спот (видео)
По „Врне Врне“ и „Денот да е убав“, „Намбареја“ е новата провокативна предзимска порака на ексцентрчната Сара Мејс.

Песната е дело на Сара и Ива, текстот на Сара, а аранжманот на Роберт Билбилов.
Спотот е во реализација на Горила Филм. За приказната да се спакува во видео се погрижи Дарко Мораитов, директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, а за look –от на Сара во истата се погрижија Елена Лука и Студио Алур.
Послината половина и воедно кореограф во видеото е танчарот Мишо Спасовски, минатогодишниот финалист и партнер на Мејс во шоуто „Танц со ѕвездите“.
