Милина за гледање и слушање: Даниел Кајмакоски заедно со златните славејчиња ја пее новата детска химна

По повод новото издание на најреномираниот детски фестивал „Златно славејче“, на големо изненадување за сите деца, Даниел ja сними новата химна заедно со златните славејчиња.

daniel-kajmakoski-i-zlatnite-slavejcinja-so-zaednicka-pesna-sekoj-video-01

Песната се вика „Секој“, текстот е на Огнен Неделковски, а музиката на Александар Митевски, во чие студио и е снимена.

Целата идеја им дошла при посетата на Даниел во детското одморалиште „Славејче“ во Охрид.

daniel-kajmakoski-i-zlatnite-slavejcinja-so-zaednicka-pesna-sekoj-video-1.jpg

Овој фестивал традиционално се одржува во ноември, па во периодот од 14-ти до 19-ти, сите ќе може да уживаат во новите песнички на „Златно Славејче“, но и да ја слушнат заедничката песна со Даниел.

За песната е снимен и спот во кој е прикажана дружбата и детската радост:

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg