Среќен 34-ти роденден Тоше!

Денес е тој ден, најсреќен! Денот кога пред 34 години бил радост само за едно семејство, едно мало гратче, а години потоа е радост за цела Македонија, цел Балкан и пошироко.

sreken-34-ti-rodenden-tose-01

Ден кој сите го слават како празник, ден на кој сите се благодарни што ја чувствуваа енергијата, ја доживеаја љубовта и ја научија добрината.

Пред само 34 години се роди нашиот Тошка. Она дете со коси очиња и најубава насмевка. Она момче по кое сите девојки лудуваа, оној човек на кого сè уште му се поклонуваме за сите песни, сите концерти, сета хуманост.

Единствената насмевка која разведруваше и најтажен ден, единствената прегратка која смируваше, единственото срце во кое имаше место за сите и за многу повеќе.

Единствената личност која во ист ден им недостига на илјадници.

Но, ова не е ден за тагување, туку за радување. Го славиме неговиот роденден. Од него научивме да бидеме благодарни за она што го имаме.

Ние имавме личност која нè обедини, идол кој нè води, парче душа негова која останува во секој од нас.

Тој ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и нè научи на убавината во секој ден и секој човек.

Сонуваше за оперски арии, светски хитови, полни концерти. За освојување на светот. Ги направи само првите чекори, но и со тоа беше среќен.

Денес треба да сме среќни заради него. Затоа што Тоше не сакаше тажни лица и солзи, особено не за него.

Денес колку и да боли што го нема, подигнете ја главата, испратете му насмевка и запејте му песна. Само така вечно живее, во секој тон, во секој стих, во сечие срце.

Така се честита неговиот роденден. Со песна и аплауз! Тоа се најубавите подароци за Тоше!

Автор: В.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg