Погледнете го спотот за англиската верзија на евровизиската песна на Даниел Кајмакоски

Денес во Дневникот 1 на МРТВ беше промовирана англиската верзија на нашата евровизиска песна, како и спотот за истата.

poglednete-go-spotot-za-angliskata-verzija-na-evroviziskata-pesna-na-danmiel-kajmakoski-01.jpg

Даниел Кајмакоски повторно потврдува дека што и да отпее звучи светски, а особено кога тоа го изведува на англиски јазик.

Препевот на текстот го направи шведскиот композитор Јоаким Персон, а аранжманот и продукцијата ги доработи Роберт Билбилов.

Во спотот, Даниел на интересен начин ја раскажува приказната за која се работи во песната „Autumn Leaves“.

Тој е подготвен и едвај чека да дојде мај за да се покаже во вистинско светло пред целата евровизиска јавност.

Дотогаш останува да го поддржуваме и да стискаме палци за најдобар пласман на Македонија на 60-от избор за песна на Евровизија во Виена, Австрија.

Погледнете го спотот:

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg