Бесплатен концерт на U2

Ирската група У2 денеска најави дека на 5-ти Ноември, ќе одржи бесплатен концерт пред Бранденбуршката порта по повод 20 години од...

 

... падот на Берлинскиот ѕид.

"Ќе биде возбудлив и интересен концерт ако се одржи на тоа место, по повод 20 години од падот на Берлинскиот ѕид", изјави менаџерот на групата Пол Мекгинс.besplaten-koncert-na-u2

Групата U2, во 1990 година година, неколку месеци по падот на Берлинскиот ѕид, замина во Берлин да побара инспирација кога во студиото на  Ханс е снимен нивниот албум "Achtung Baby".

Спотот за најпопуларната песна од од овој албум "One", е снимен токму во Берлин.

"Напишавме многу песни таму", се потсети Боно на концертот кој се одржа во јули, пред 90.000 луѓе на Олимпискиот стадион во Берлин. Овој концерт ќе се одржи во рамките на годишната доделување на MTV музички награди (European Music Awards).

Оваа година Берлин ќе биде домаќин на 15-тото доделување на музички награди, и беше град домаќин на првото доделување на Европските МТВ награди во 1994 година.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg