Даниел го испеа омилениот евровизиски хит на мајка му (видео)

Даниел Кајмакоски е поврзан со Евровизискиот фестивал уште од денот кога е роден. Гледањето пренос од „Евросонг“ било традиција во неговото семејство, а неговата мајка посебно го сакала фестивалот.

daniel-go-ispea-omileniot-evroviziski-hit-na-majka-mu-video-01

Така, по нејзина желба вториот син го добил името по Даниел Поповиќ, кој ја претставуваше Југославија во 1983 и го освои четвртото место со песната „Џули“ која стана огромен хит.

Таа посакувала Даниел да стане пејач и му била најголема поддршка во градењето музичка кариера, како и целото семејство кое отсекогаш цврсто верувало во неговиот успех.

Раскажувајќи често за овие моменти, Даниел доби идеја да ја сними „Џули“ во знак на благодарност до неговата мајка и семејството, и како изненадување за сите Евровизиски фанови!

Видеото е снимано со поддршка на МРТВ и продукцијата Storyteller.

Погледнете како реагира неговата мајка на ова изненадување специјално за неа:

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg