Трајче Георгиев и невозможното го прави возможно (видео)

На последниот настап со песната „Impossible“ Трајче уште еднаш докажа како се пее со стил, глас и стас.

trajce-georgiev-i-nevozmoznoto-go-pravi-vozmozno-video-001.jpg

Тој секоја емисија ги воодушевува и жирито и публиката, па веќе е многу извесно дека ќе го гледаме во големото финале на 26. јуни.

Ова беше негов прв настап  кој се пренесуваше во живо низ целиот регион и кога за првпат жирито само коментира, но не гласа, бидејќи се бројат само гласовите од смс пораките на публиката.

Според коментарите на жирито Трајче е еден господин човек кој ја има најубавата насмевка меѓу пинковите ѕвездички.

Го пофалија и дека покажал малку повеќе емоции од претходно, а со оглед на прекрасната изведба, овациите од публиката и гласовите, тој е дефинитивно еден од фаворитите за победник.

Погледнете го неговиот последен настап кога ја изведе „Impossible“ од Џејмс Артур, oдносно оригинално од Шoнтел.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg