10 лета - новиот сингл на Даниел Кајмакоски

“Големо задоволство ми е да излезам со целосно свој проект. Посебно сум среќен и благодарен на соработката со Александра, Дарко и Огнен. Со овој тим и сингл го најавувам мојот нареден проект – сингл и албум. До наредниот сингл, уживајте во 10 лета !!! “ – изјави Даниел Кајмакоски.

10-leta-noviot-singl-na-daniel-kajmakoski-01.jpg

Даниел Кајмакоски го објавува својот нов сингл и видео спот на македонски јазик со наслов “10 Лета”. Автор на песната е Александра Милутиновиќ, аранжман и продукција Дарко Димитров, превод и адаптација на Огнен Неделковски.

“Текстот за синглот 10 лета го претставува Даниел како емотивен и силен дечко. Се зборува за љубов која се случила можеби не во правото време, но секако не е само авантура и нешто минливо. Благодарејќи на Дарко Димитров кој е продуцент на овој сингл, песната звучи свежо и му дава на Даниел еден свој печат, на почетокот на својата кариера. Како што би рекле ние авторите - се надевам дека песната и успехот ќе траат долго!” – изјави Алесандра Милутиновиќ.

10-leta-noviot-singl-na-daniel-kajmakoski-02.jpg

Видео спотот ја дополнува љубовната приказна од песната, прави дополнително уживање низ прошетка на различни локации снимени во Охрид. Даниел во спотот е придружуван од Поликсена Тунтева. Спотот е во реализација на ДК тим и Storyteller. 

Наскоро ќе следи објавување на “Деценије” српската верзија на песната, заедно со видео спот.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg